историјата говори за нас
Заедно уште од 1991 година
- 1991
Почеток
Друштвото Империјал-Табако АД увоз-извоз Валандово е основано во 1991 год. - 1992
Почеток на дистрибутивната мрежа
Започнуваме како регионален дистрибутер на цигари за Источна и Централна Македонија во партнерство со Тутунски Комбинат Прилеп, Тутунски Комбинат Скопје, Македонија Табак и Philip Morris International. Поставени се темелите на нашата логистичка и продажна инфраструктура. - 1998
Осамостојување и нов идентитет
Компанијата се одделува од претходните структури и продолжува соработката со Тутунски Комбинат Прилеп и Philip Morris International. Во овој период се врши реорганизација и официјално се формира Империјал Табако АД Валандово, со ново име и организациски облик. - 2007
Влез во телекомуникацискиот сегмент
Потпишан е договор за ексклузивна дистрибуција со А1 Македонија (тогаш Вип), за продажба на при-пејд ваучери, електронско полнење и СИМ картички. Компанијата успешно ја проширува дејноста надвор од тутунскиот сектор. - 2011
Меѓународни партнерства и увоз
Стануваме генерален увозник и дистрибутер на производите од Swedish Match и Cricket Lighters за Македонија, а од 2021 година и за Албанија. Значително се зголемува нашето регионално присуство. - 2012
Стратешка трансформација
Завршува соработката со Philip Morris International, со фокус на диверзификација и нови деловни насоки. - 2014
Нови партнерства
Спогодбено се прекинува соработката со Тутунски Комбинат Прилеп, што овозможува дополнителна флексибилност за развој на сопствената дистрибутивна стратегија. - 2015
Национална дистрибуција и проширување
Започнуваме директна дистрибуција на целата територија на Македонија со проширено портфолио: прехранбени, непрехранбени производи и пијалоци. Империјал Табако прераснува во современ, мулти-секторски дистрибутер со национално покривање.
Организација и инфраструктура
Стабилна мрежа. Сигурна испорака.
